Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Од:

– Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според најавите од Управата з ахдирометеоролошки работи (УХМР), утре претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време