Молдавија повторно се соочи со сериозен безбедносен инцидент откако руска ракета навлезе во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз украинскиот регион Одеса. Дел од молдавскиот воздушен простор беше привремено затворен додека властите го следеа движењето на објектот, кој потоа исчезна од радарските екрани.
Полиция Молдовы опубликовало видео. https://t.co/pobztlIIOR pic.twitter.com/NqlPDxeAWN
— Vladimir Strutinski 🇲🇩🇪🇺🇺🇦 (@VStrutinski) August 17, 2026
Во 17:37 часот, системите за надзор детектираа објект што се движеше во правец Кучурган – Тираспол. Потоа, централниот сектор од воздушниот простор на Молдавија беше затворен во траење од 15 минути, пренесува „НВ“ (NV).
Според информациите од украинските и молдавските служби, станувало збор за руска ракета која навлегла од правец на Црното Море за време на нападот врз соседната област Одеса во Украина.
Според прелиминарните податоци, објектот исчезнал од радарските екрани во близина на селото Талмаза. Националната армија продолжува да ја следи ситуацијата, се наведува во официјалното соопштение.
Експлозијата била регистрирана на околу три километри од селото, по што избувнал пожар во сувата трева.
Објектот предизвикал експлозија и помал пожар на отворен простор во близина на населеното место, но за среќа немало човечки жртви. Ова претставува продолжение на низата безбедносни инциденти во Молдавија.
Во последните недели се забележани неколку случаи на нарушување на молдавскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала и ракети, што ги поттикна властите во Кишињев да ги засилат мерките за надзор и да упатат официјални протести.
