ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја саботира лустрацијата, за социјалдемократите таа е пресметка со неитомисленици

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставот на СДСМ дека лустрацијата се претворила во пресметка со неистомислениците, оценува дека опозициската партија продолжува да се противи на тој процес и оти постојано бара алиби против него и начин како да го саботира.

Тоа е така, затоа што СДСМ се идентификува со извршителите на кодошењето и вредностите кои тие ги застапуваат, како лажењето, превртливоста и подмолноста. Затоа се става во одбрана на оние кои кодошеле. Буквално, секому му е јасно зошто СДСМ е против овој процес и вложува толкави напори да го саботира, исто како што на секому му беше јасно дека СДСМ со притисок и злоупотреби му наложуваа на Уставниот Суд, но и на сите други нивни инсталации со сета сила да го дискридитираат овој неопходен демократски процес, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на ставот што го изнесе потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски денеска на прес-конференција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, обидот на СДСМ заради заштита на своите функционери кои се богателе и напредувале кодошејќи свои блиски, пријатели, колеги, познаници, само заради тоа што имале различни политички ставови од тогашниот систем, е гротеска израз на двојните стандарди на опозициската партија.

Ова е доказ дека СДСМ штити луѓе и вредности за кои се својствени лажењето, превртливоста, подмолноста и кодошењето, истакнува ВМРО-ДПМНЕ и повторува дека го поддржува процесот на лустрација на сите кои кодошејќи ги своите блиски доаѓале до материјално богатство или напредувале во кариерата, а на сметка на животот, слободата, судбината и слободната мисла на сите други.

Владејачката партија воедно ги повикува граѓаните да ги прочитаат на интернет јавно достапните документи за сите засегнати во овој процес, зошто, посочува, така ќе може да донесат правилен суд кој ја говори вистината, а кој продолжува да манипулира.

Потпретседателот на СДСМ Јовановски на прес-конференцијата во коментар на информациите дека СДСМ размислува за повлекување на своите членови од Комисијата за верификација на фактите наведе оти сите опции се во игра. Лустрацијата, оцени, требаше да биде надпартиско прашање, а се претвори во орудие за пресметка со неистомисленици.

Ние јасно и јавно кажавме дека лустрацијата се прави според закон кој што има неуставни елементи, на чело на Комисијата е човек на кого што му е истечен мандатот и од тој аспект како што веќе реков, лустрацијата се претвори во орудие за инквизиција за политичките неистомисленици, рече Јовановски.

СДСМ, укажа, сакаат да видат како ќе се развива процесот. – Дали театарот наречен лустрација ќе продолжи или целиот процес ќе се коригира и тогаш соодветно ќе реагираме. Како што и вчера реагиравме лустрацијата треба да создаде театар за комплетно да го оттргне размислувањето на граѓаните од тоа што се случува со цената на струјата, практично со неиздржливото преживување секојдневно, посочи Јовановски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он