Полјаците поддржуваат депортација на Украинците кои се способни за воена служба

Од:

Дури 67 проценти од Полјаците, според најновата анкета, го поддржуваат барањето на опозицијата за депортирање Украинци, бегалци кои подлежат на воена служба и не се легално вработени, додека владата го отфрли бидејќи 80 проценти работат легално, а без нив цела Полска би запрела за само еден ден.

Во анкетата спроведена од агенцијата IBRiS за дневниот весник „Жечпосполита“, 67,2 проценти од испитаниците се за депортирање на Украинците, мажи на возраст меѓу 25 и 60 години, доколку немаат работа во Полска, додека 23,4 проценти се против тоа, а предлогот на опозициските конзервативни националисти од партијата „Право и правда“ има најмалку поддршка кај младите, каде што 43 проценти од нив се за депортација.

Полската влада категорично ја отфрли таа иницијатива и предупреди дека бројот на депортирани лица ќе биде занемарлив и онака, а како што рече заменик-министерот за внатрешни работи Мачеј Душчик, ако Украинците еден ден не дојдат на работа, целата земја ќе запре.

Душчик прецизираше дека 65 проценти од воените бегалци во Полска работат легално. Ако се додадат студентите кои работат додека студираат, тогаш дури 95 проценти, што е најголем удел на вработените меѓу бегалците во целата Европска Унија.

Најновата проверка на податоците за бројот на Украинци во Полска, објавена вчера, процени дека помеѓу 1,8 и 1,9 милиони Украинци моментално живеат и работат таму.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Целта на нападот беше руската поморска база во Новоросијск

Украина: Пет лица се повредени во рускиот воздушен напад врз Павлоград

Москва: Руските вооружени сили нападнаа украински магацини за беспилотни летала во регионот Харков

Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје да го напуштат градот на 48 часа

(ВИДЕО) Голем напад врз Белгород, најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени

Горан Наумовски

Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови