Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот

Од:

На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на планината Огражден кај Ново Село, каде што се зафатени депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

Под контрола е пожарот на градската депонија во Делчево.

Изгаснати се пожарите кај селото Блатец во Општина Виница, во населбата Света Петка во Штип, кај селото Горенци во Општина Центар Жупа, кај селото Бачинци во Општина Кичево, во близина на Филтерната станица за вода во Општина Лозово, во населбата Средорек во Куманово, кај селото Милетино во Општина Брвеница, кај селото Долна Лешница во Општина Желино, кај селото Слатина во Општина Теарце, во близина на ресторанот Чифлик во Општина Врапчиште, кај селото Трубарево во Општина Гази Баба и кај селото Долно Свиларе во Општина Сарај.

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Горан Наумовски

ЦУК предупредува: Многу висок FWI попладнево носи зголемен ризик од шумски и отворени пожари

Во Горно Лисиче гори ниска вегетација, дрва и пченка

Горан Наумовски