Четириесет и четиригодишен жител на село Љубојно рано изутринава починал откако изгубил контрола врз моторот што го управувал и излетал од патот.
МВР соопшти дека во 5:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од село Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од село Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал од патот.
Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
