Украина: Пет лица се повредени во рускиот воздушен напад врз Павлоград

Од:

Пет лица се повредени во руски воздушни напади врз градот Павлоград во Дњепропетровската област, соопшти денеска на Телеграм шефот на Дњепропетровската воена управа, Александар Ганжа.

Според него, руските сили го нападнале центарот на градот, при што биле погодени приватна куќа и автомобил. Во нападот првично биле повредени 50-годишен маж и 57-годишна жена.

Претходно, Ганжа информираше дека руските сили извршиле повеќе од 40 напади со беспилотни летала, артилерија и авионски бомби врз четири окрузи во Дњепропетровската област.

Во нападите загинале две лица, а уште две биле повредени. Еден 54-годишен маж бил хоспитализиран во средно тешка состојба, додека 48-годишен маж бил пуштен на домашно лекување.

Во нападите биле оштетени амбуланта, административни објекти, продавница и повеќе приватни куќи. Уништени биле и автобус и камион.

Украинските власти продолжуваат со проценка на последиците од нападите и со расчистување на погодените подрачја.

Би можело да ве интересира

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Москва: Руските вооружени сили нападнаа украински магацини за беспилотни летала во регионот Харков

Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје да го напуштат градот на 48 часа

(ВИДЕО) Голем напад врз Белгород, најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени

Горан Наумовски

Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови

Москва: Руските сили извршија ракетен напад врз воено-индустрискиот комплекс во Киев