Активен е пожарот во село Грешница во Македонски Брод, под контрола пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско Паталишта

Од:

До 7:30 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи.

Активен е пожарот во местото Стојанова Населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Според известувањето на ЦУК, изгаснати се 20 пожари на отворен простор:

Општина Босилово: с. Моноспитово (ниска вегетација)
Општина Валандово: с. Севенендекли (мешана шума)
Општина Богданци: помеѓу селата Селимли и Стојаково (дива депонија)
Општина Гостивар: покрај автопатот Гостивар – Тетово (ниска вегетација)
Општина Желино: с. Фалиште (ниска вегетација)
Општина Брвеница: с. Теново (ниска вегетација)
Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б. (ниска вегетација)
Општина Гази Баба: населба Гоце Делчев (ниска вегетација)
Општина Неготино: с. Дуброво (ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Кондово (ниска вегетација)
Општина Карбинци: с. Крупиште (стрниште)
Општина Штип: с. Караорман (депонија)
Општина Чешиново-Облешево: с. Уларци (стрниште)
Општина Ново Село: с. Ново и Старо Коњарево (стрниште)
Општина Кривогаштани: с. Блато, атар на с. Врбјани (ниска вегетација и стрниште)
Општина Струга: с. Долна Белица (депонија, стрниште и деградирана шума)
Општина Македонски Брод: с. Ореовец (ниска вегетација)
Општина Куманово: с. Лопате (ниска вегетација)
Општина Тетово: помеѓу с. Селце и с. Ларце (ниска вегетација)
Општина Долнени: с. Бело Поле (ниска вегетација)

Би можело да ве интересира

22 пожари на отворен простор утрово

Во изминатото деноноќие 30 пожари на отворено

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран