Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека опозицијата е разочарана зашто Македонија во однос на куповната моќ е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите држави во регионот, но и затоа што бележи евидентни резултати во туризмот.

– За куповната моќ од опозицијата имаше одредени пораки, но и од некои медиуми кои имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно тие ќе жалат и ќе бидат разочарани зошто Македонија не е најслаба, туку е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите земји во регионот, рече денеска Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8.

Како што истакна, ако се споредат бројките од пред три-четири години, ќе може да се забележи значаен напредок.

– Дали е тоа доволно? Не е. Ќе продолжиме да работиме за уште подобро и повеќе. Мотивирани сме како никогаш. Тие ќе продолжат да креираат хистерија на основа на конструкции и лаги, а ние ќе ги засукаме ракавите како што правевме изминатите 25 месеци и ќе продолжиме да работиме посветено за земјата и граѓаните, потенцира премиерот.

Во врска со бројките во туризмот, напомена дека резултатите се евидентни. И тоа, забележа Мицкоски, е лоша вест за опозицијата.

– Податоците за бројот на туристи и ноќевања излегуваат по 10-ти во месецот, тогаш ќе имаме појасна претстава, но охрабруваат податоците што операторот на двата меѓународни аеродрома ги пренесе, како и Министерството за транспот, дека двата аеродрома се најбрзо растечки во регионот по бројот на патници, но и Светска банка тоа го потенцира. Тоа е лоша вест за опозицијата и нихилистите кои гледаат како да не успее државата, но е добра вест за граѓаните и за сите што и мислат добро на земјата, бидејќи тоа што го работиме 25 месеци полека се консолидира и покажува знаци на жилавост и отпорност на сите кризи и резултатите стануваат се повидливи, рече премиерот.

Тој додаде дека бројот на летови и патници во првите седум месеци веќе не е 1, 2 или 3 отсто зголемен, туку станува збор за 20, 30, 40 проценти. – Тоа претставува нешто значајно што не мотивира да продолжиме во таа насока. Туризмот е еден од приоритетите на Владата и може да видите што се случува овие недели низ Македонија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски