Зеленски: Украина е подготвена за сите формати на преговори

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Украина е подготвена за сите формати на преговори и рече дека официјален Киев „смета“ на американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Зеленски за време на видео обраќањето рече дека е во секојдневен контакт со претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Укринформ.

„Ова е важно. На состанокот во Вашингтон разговаравме како можеме да создадеме нови околности за вистинска дипломатија. Се обидуваме да го спроведеме сето ова во пракса. Буданов, Умеров, Аракамија, Кислица известија за своите одговорности, каде сме во процесот на преговори и што се случува во Москва. Ќе бидеме подготвени за сите формати на состаноци и очекуваме дека Виткоф и Кушнер ќе бидат активни во август“, рече Зеленски.

Тој додаде дека се работи и со други партнери, особено со земјите од Персискиот Залив, кои можат да ги поддржат дипломатските напори и безбедносните потреби на Украина.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека официјален Вашингтон има намера да ги интензивира напорите насочени кон наоѓање „мирно решение во Украина“.

Би можело да ве интересира

Москва со критики до Западот: Помошта за Киев можеше да создаде „европски Дубаи“

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, загинаа во рускиот напад врз Сумската област

Горан Наумовски

Нападната е Москва: Најмалку петмина се загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку шестмина загинаа во украински напади во магацин на „рускиот Амазон“

Порака од Москва: Русија е подготвена за преговори