До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

Од:

На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска вегетација, во Општина Крива Паланка село Мождивњак на местото викано Острец (шума);
Општина Тетово кај Ресторан Сирач (сува трева) и во Општина Желино село Горна Лешница (ѓубре).

Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево кај Глуво (сува трева); село Мирковци (сува трева); и село Кучевишка Бара (сува трева и грмушки); Општина Карпош на улица „Скупи“, кај сервис „Агромеханика“ (сува трева и грмушки); Општина Гази Баба – Скопско Поле (дрво покрај пруга); Општина Битола кај Тумбе Кафе (ѓубре и сува трева); Општина Прилеп на улица „Дебарска“, кај местото викано Теќе (депонија); Општина Струга кај село Лабуништа (сува трева); и во Општина Теарце кај селата Шемшово и Сиричино (ѓубре).

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ