(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани додека не нарекува „талог“

Од:

Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди.

Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“.

– Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние што се борат за европска перспектива на својата држава. Истиот човек кој со години нас, граѓаните, нè нарекува, цитирам, „талог на општеството“, „мекотели“, „мочуриште“, „медиокритети“, „лешинари“, повторно, и тоа од говорницата во Пелинце, каде што требаше да се испрати порака за обединување, го користи истиот јазик на омаловажување. Повторно истиот јазик на етикетирање – рече Жерновски.

Ова, според него, не е патриотизам туку, „патолошка политичка омраза“. Жерновски рече дека „Македонија тоне во економска криза, животниот стандард секојдневно опаѓа, водата е отруена во сè повеќе населени места во државата, без напредок во евроинтеграциите“.

-Христијан Мицкоски не може да биде премиер на сите граѓани сè додека нас нè нарекува „талог“. Сè додека македонските граѓани ги нарекува „талог“, ние, за жал, немаме премиер, немаме лидер, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места

Жерновски: Кошта, Вајц и ЕУ ја потврдија реалноста што власта ја премолчува

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури