Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци, загинаа денес во напад на бомбаш-самоубиец врз учесници на собир против милитантите во северозападен Пакистан, а повеќе од 20 лица се повредени, соопшти полицијата.
سوات میں لوگ امن کیلئے اختجاج کر رہے تھے پھرامن مارچ میں ہی دھماکہ ہوگیا pic.twitter.com/O0sAxyxTv8
— Naya Pakistan (@Naya__Pakistan_) August 2, 2026
Началникот на окружната полиција, Омар Кан, изјави дека нападот се случи во Кабал, град во долината Сват во покраината Хајбер-Пахтунхва, каде што демонстрантите се собраа во близина на полициска станица, извикувајќи пароли против милитантите и барајќи мир, пренесе АП.
На северозападот на Пакистан често доаѓа до судири меѓу пакистанските талибанци, локалните племенски групи и сепаратистичките и екстремистичките организации.
Пакистанските безбедносни сили редовно спроведуваат антитерористички операции и рации во пограничните области кон Авганистан.
