(ВИДЕО) Пожар на индонезиски траект – петмина загинати, 41 исчезнат

Од:

Пет лица загинаа, а 41 лице се води како исчезнато откако се запали траект со 271 патник во Индонезија, соопштија властите.

На снимките објавени од локалниот индонезиски медиум „iNews“ се гледаат голем број луѓе со појаси за спасување на она што изгледа како еден од чамците за спасување, пренесува Би-Би-Си.

На други снимки се гледаат луѓе како се симнуваат од траектот, додека од горниот дел на бродот избиваат пламен и густи облаци чад.

Басарнас објави видео на својот профил на „ТикТок“ во кое се наведува дека во 8:24 часот по локално време (2:24 часот по Гринич), Канцеларијата за спасување во Сурабаја доби известување дека патничкиот брод „KMP Mutiara Sentosa 2“ се запали.

„Според бродската компанија, пожарот избувна помеѓу 6:00 и 7:00 часот наутро по локално време (од 0:00 до 1:00 часот по Гринич).“

Подоцна, Басарнас соопшти дека е потврдено оти траектот е „речиси целосно зафатен од пламен“.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски