Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

Од:

Убиен е Јован Мрваљевиќ кој важеше за високорангиран член на „Шкаљарскиот клан“.

На почетокот на 2021 година беше осомничен дека е дел од група која наводно се обидела да ги убие белградските криминалци Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во Тиват.

Тој беше убиен синоќа во близина на Никшиќ. Полицијата трага по сторителите на убиството.

„Вечерва во Никшиќ, околу 20:00 часот, во населбата Капино Поље, од страна на непознато лице е употребено огнено оружје врз Ј.М. од Никшиќ, член на организирана криминална група, кој притоа беше убиен. Службениците на Управата на полицијата – Регионален центар за безбедност „Запад“, во соработка со надлежниот државен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, преземаат сите законски пропишани и итни мерки и дејствија со цел утврдување на сите околности и целосно расветлување на настанот“, соопштија од Управата на полицијата.

Би можело да ве интересира

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски