(ВИДЕО) Густ чад над руските градови по новиот бран украински напади

Од:

Во текот на ноќта од сабота кон недела, украински беспилотни летала нападнаа неколку руски региони. Погодена е рафинеријата за нафта во Саратов, а цел бил и аеродромот во Енгелс, пишува „Правда“.

Жителите на Саратов и Енгелс пријавија експлозии. Според првичните информации, истовремено избувнале пожари на две локации во кругот на рафинеријата во Саратов. На снимките објавени на „Телеграм“ се гледа густ чад над индустриската зона.

Гувернерот на Саратовската област подоцна ги потврди нападите со беспилотни летала и пријави оштетувања на цивилната инфраструктура во двата града. Рафинеријата во Саратов, со која управува „Росњефт“, е една од најстарите во Русија, а нејзиниот капацитет за преработка во 2023 година изнесувал 4,8 милиони тони.

Експлозии одекнаа и во близина на воениот аеродром „Енгелс-2“. Жителите објавија фотографии и видеа на социјалните мрежи на кои се гледа моментот на силна експлозија во областа на воздушната база.

Според украински извори, утринава бил нападнат и логистичкиот центар на „Вилдберис“ (Wildberries) во градот Новосемејкино во Самарската област.

Би можело да ве интересира

Русите уништија американска фабрика за дронови во Киев

Захарова: Италијанската мафија се обидува да купи украински дронови на црниот пазар

Московскиот регион нападнат од рој дронови

Германска фабрика за дронови цел на руски закани

Погодена е зграда – четворица загинати и 13 повредени во руски напад врз градот Краматорск

А1он

Путин: Киев нема да ја разниша руската енергетска индустрија

А1он