Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време.
Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.
