Во трговскиот центар „Aeon“ во префектурата Кумамото, во југозападниот дел на Јапонија, се случи експлозија што предизвика уривање на целиот втор кат; полицијата претпоставува дека има жртви, а засега меѓу 20 и 30 лица се водат како исчезнати во објектот.
NEW : Footage shows a shopping mall in Kumamoto, Japan, swaying as a powerful quake hit the area.
Frightened shoppers can be seen ducking, crouching, and rushing across the complex to find safety during the heavy shaking. https://t.co/FzlH3Npele pic.twitter.com/yHeDuVrSgZ
— Inside the conflict (@InsidConflict) July 28, 2026
Постои страв дека многу луѓе се заробени во урнатините на трговскиот центар по експлозијата што уследи по земјотресот, објави националната телевизија TBS, повикувајќи се на неименувани извори од локалната полиција.
Компанијата „Aeon Mall“, која управува со трговскиот центар, претходно соопшти дека експлозијата се случила откако вработените и купувачите веќе биле евакуирани поради земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди префектурата во 16:27 часот по локално време (10:27 часот по средноевропско време).
Во земјотресот се повредени неколку лица, а железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и линиите за брзи возови „Шинкансен“, беше прекинат по потресот, соопшти компанијата „Kyushu Railway Company“, пренесе претходно денеска агенцијата Кјодо.
Надлежните потврдија дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима, како и дека нивоата на радијација околу мерните станици не се зголемени.
Јапонската премиерка Санае Такаичи на прес-конференција изјави дека бројот на жртви и обемот на штетата сè уште не се утврдени и дека проценките се во тек, објави претходно денеска Ројтерс, додавајќи дека властите потврдија оти операцијата за спасување продолжува.
Снимките од хеликоптер, објавени од јапонските медиуми, прикажуваат како делови од надворешните ѕидови на трговскиот центар се уриваат, откривајќи ја конструкцијата на зградата.
По земјотресот, мостот на автопатот претрпе деформации, а се урна и најмалку уште една зграда. Според податоците на локалната компанија „Кјушу Електрик Пауер“ (Kyushu Electric Power), повеќе од 48.000 домаќинства во областа моментално се без електрична енергија, но снабдувањето постепено се нормализира.
