Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Од:

Во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „киа“ управувано од К.Ц.(33) од Косово и возило „фолксваген голф“ управувано од С.Ј.(61) од Косово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „фолксваген голф“, С.Ј.(54) и Е.Ј.(20), додека со телесни повреди сопатниците од возилото „фолксваген голф“ Б.Х.(23) и Б.И.(35), сите од Косово, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.

По наредба на јавен обвинител, возачот на возило „киа“, К.Ц. ќе биде лишен од слобода по излегување од болница.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски