Такер Карлсон: Убиството на Хамнеи е една од најглупавите одлуки на Америка

Од:

Атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, е една од најнеодговорните одлуки што ги донеле САД, изјави американскиот новинар Такер Карлсон во интервју за „Раша тудеј“.

„Тие го убија ајатолахот. Ова е еден од најбесмислените потези што САД некогаш ги направиле“, рече Карлсон.

Американскиот новинар додаде и дека ваквите неморални постапки целосно ја исклучуваат можноста за дипломатија.

Али Хамнеи беше убиен во нападите на САД и Израел врз Техеран на 28 февруари.

Церемонијата на збогување за него, во сенка на нападите што продолжија во текот на март, не беше можна, поради што властите одлучија да го одложат настанот, наведувајќи ја потребата од подготовка на инфраструктурата.

Тој беше погребан во неговиот роден град Машхад четири месеци по атентатот.

Би можело да ве интересира

Карлсон: Демократите ја мразат Русија затоа што е бела и христијанска земја

Нова полемика: Карлсон остро удри по Калас

Погребан е врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи

Милиони луѓе присуствуваат на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран

ВИДЕО: На погребот на Хамнеи, повик за убиство на Трамп: „Зошто е сè уште жив?“

Започна церемонија за оддавање почит на Али Хамнеи – дојдоа делегации од речиси 100 земји

А1он