Украина уништи уште две големи складишта на најголемата руска онлајн-трговска платформа Wildberries, во нов бран напади врз логистичката инфраструктура во Русија. Пожарите избувнаа во магацини во близина на Краснодар и во Ставрополскиот крај, продолжувајќи ја серијата напади во кои претходно беа уништени и најголемите складишта на компанијата во близина на Москва и во Тамбовската област.
Според различни проценки, вкупната штета изнесува меѓу 150 и 230 милијарди рубљи, односно околу две милијарди долари.
Русский:
Novospasskoye, Ulyanovsk Oblast. A liquefied gas storage facility operated by NS-Oil LLC was reportedly attacked. pic.twitter.com/joXEQT9zpO
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) July 23, 2026
Wildberries, основана во 2004 година и често нарекувана руски еквивалент на Amazon, контролира повеќе од 40 проценти од рускиот пазар на е-трговија, со годишен промет поголем од 30 милијарди долари. Уништувањето на магацините претставува сериозен удар за илјадници мали и средни претпријатија кои продаваат преку платформата.
Според Kyiv Post, руските социјални мрежи се преплавени со сведоштва на претприемачи кои ја изгубиле целата стока што ја чувале во погодените складишта. Дел од нив останале без целокупниот капитал. Медиумот наведува и случај на млад претприемач кој извршил самоубиство откако во пожар изгорела стока вредна 12 милиони рубљи, купена со кредит.
Wildberries соопшти дека нема да им ја надомести штетата на продавачите. Компанијата уште на 7 јули ги изменила условите за работење, со што од договорите ги отстранила одредбите за обештетување во случаи на „виша сила“, при што во таа категорија експлицитно ги вклучила и воените околности.
Voronezh is under a massive drone attack. There has been a series of explosions in the city; Russian monitoring channels report that the Wildberries logistics hub may have been one of the likely targets of the attack. pic.twitter.com/0sPlvWnRvs
— Exilenova+ (@Exilenova_plus) July 22, 2026
Во контекст на војната
Нападите врз Wildberries доаѓаат во поширокиот контекст на руско-украинската војна. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, Русија изврши бројни напади врз украинска цивилна инфраструктура, меѓу кои електрани, железнички станици, болници, логистички центри, поштенски терминали и трговски објекти.
Според текстот на Kyiv Post, уништени се стотици илјади квадратни метри складишен простор, како и големи логистички центри на украинските компании „Нова Пошта“, „АТБ“, „Епицентар“, „Силпо“ и „Розетка“.
Зошто Wildberries е цел?
Иако компанијата официјално е онлајн-платформа за малопродажба, украинските извори тврдат дека Wildberries не е исклучиво цивилен бизнис.
На платформата, покрај вообичаената стока, се продаваат и дронови, FPV-квадрокоптери, тактичка опрема и компоненти што можат да имаат двојна – цивилна и воена – намена, вклучително и механизми за носење или исфрлање товар од дронови. Во текстот се наведува дека дел од оваа опрема е понудена во категории како „Авто-делови“ или „Електроника“.
Удар врз логистиката и санкциите
Според анализата на Kyiv Post, украинските напади имаат и економска цел – да го нарушат функционирањето на руските логистички синџири преку кои во земјата пристигнуваат санкционирани западни производи преку т.н. „паралелен увоз“.
Wildberries остварува годишна нето-добивка од околу 100 милијарди рубљи (околу 1,3 милијарди долари) и плаќа стотици милиони долари даноци, средства кои, според украинските проценки цитирани од Kyiv Post, индиректно придонесуваат за финансирање на руската воена машинерија. Затоа, се наведува во анализата, украинските напади имаат за цел да ги прекинат и финансиските и логистичките текови што го поддржуваат руското стопанство.
