Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Од:

Христијан Мицкоски им порача на судиите „пари нема да добиете“. Оваа изјава е јасен сигнал за политичко влијание врз правосудниот систем. Мицкоски очигледно смета дека судството и обвинителството треба да функционираат како „juke box“, тој нарачува, а институциите треба да свират. Кога не свират според неговата желба, следува притисок, јавни најави за истраги и финансиски закани. Ова е истата пракса која ја користи со месеци: од собраниската говорница и преку медиумите јавно нарачува процеси и по телефон дава наредби, велат од СДСМ.

– Најавува истраги и врши притисок врз обвинителите и судиите. Мицкоски сака да го надмине Сваровски судството на Груевски со целосна контрола на обвинителството и судството во земјата. Сега, кога станува збор за плати и ресурси, повторно користи финансиски притисок за да ја покаже својата моќ. Ваквото однесување е директно кршење на принципот на независност на судството.

Европската комисија во својот извештај за владеење на правото јасно предупредува дека постои „мешање и притисок врз судството и обвинителството од страна на претставници на власта“, како и дека „измените на Кривичниот законик повторно создаваат простор за неказнивост“. Токму затоа Мицкоски и ВМРО-ОКГ не сакаат Европска унија. Кога ќе има независно судство и Европско јавно обвинителство, секој од организираната криминална група мора да одговара. Прво Мицкоски, а потоа и целата негова криминална структура тоа не го сакаат и од тоа се плашат. Граѓаните заслужуваат правосудство кое работи според закон, а не според наредби и финансиски притисоци од премиерот. Време е да се престане со оваа опасна игра на контрола врз институциите, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик