Иран нема да ги исполни своите обврски ниту да го спроведе меморандумот за разбирање со САД, откако „САД го прекршија“, изјави денес иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади.
„САД ги прекршија и ги суспендираа сите свои обврски според Меморандумот за разбирање од Исламабад“, рече Гарибабади, додавајќи дека Иран сега е „зафатен со одбрана на земјата“.
Претходно, висок советник на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, Мохсен Резаи, изјави дека ако Америка ја продолжи војната во наредните денови, Иран ќе премине од фазата на одмазда во офанзивна фаза.
