Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Од:

Дрога и ладно оружје се пронајдени во угостителски објекти на територија на Тетово. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека приведени се четири лица.

– На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 2:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од с. Ново Село, затоа што ги омаловажувал полициските службеници, а Е.Р. (29) од с.Камењане, С.А. (24) од Гостивар и С.Ј.(59) од с.Голема Речица се приведени затоа што кај нив се пронајдени ножеви, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите, се најавуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

МВР санкционираше 16 несовесни возачи, четворица биле под дејство на алкохол

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница