Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево

Од:

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија што се случи синоќа во дворот на семејна куќа во Старчево, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според извештаите, експлозијата се случила поради активирање на експлозивна направа, а повредените биле итно пренесени и згрижени во надлежна здравствена установа.

Полицијата веднаш го обезбедила местото на инцидентот по приемот на пријавата, додека истрагата е во тек и се спроведува во соработка со Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи преземаат сите мерки и дејствија во нивна надлежност за утврдување на сите факти и околности на настанот, како и непосредната причина што довела до активирање на експлозивната направа, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

(ВИДЕО) Деца загинаа во авионска несреќа, нивните родители се борат за живот

Експлозија на железничка станица во Германија, најмалку двајца повредени

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он