(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

Од:

Поради политиката на Мицкоски на изолација, блокирање на реформите и кочењето на европскиот пат, Македонија губи милијарди евра европски пари. Не се губат 4 милиони евра поради Изборниот законик, милијарди евра се губат, се губи стратешката цел, иднината се губи поради закочениот европски пат. Додека Македонија тапка во место другите земји од регионот напредуваат и ги користат придобивките од европската интеграција. Црна Гора веќе обезбеди над 3,2 милијарди евра европски пари. Хрватска, како членка на Европската Унија, досега доби повеќе од 10 милијарди евра, вели Кети Штерјова од СДСМ.

– Граѓаните на Македонија плаќаат прескапа цена. Политиката на Мицкоски ја држи земјата во изолација и ги лишува граѓаните милијарди евра европски пари. ВМРО-ОКГ намерно го туркаше Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба преку гласовите од дијаспората, за да создаде привид дека опозицијата го блокира европскиот пат. Во реалноста, Мицкоски го блокираше европскиот пат, не испорача ништо од реформите. Зошто? Мицкоски и ВМРО не сакаат вистински европски реформи. Не сакаат независно судство и независно обвинителство, затоа што тогаш ќе има институции кои ќе мора да постапуваат по сите сомнежи за криминал, корупција и злоупотреби на власта. Од тоа се плашат Мицкоски и ВМРО-ОКГ, од одговорност. А улогата на нивниот сателит – Левица е прочитана, тие служат само за лажни напади врз СДСМ и пренасочување на вниманието од криминалните политики на Мицкоски. Вистинската цена не се 4,2 милиони евра, вистинската цена се милијарди евра изгубени европски фондови, пропуштени инвестиции и украдена европска иднина за Македонија, вели Штерјова.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат