САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските воздушни напади врз Иран ќе продолжат во наредните денови, предупредувајќи дека тие ќе станат сè поинтензивни доколку Техеран не се согласи на договор, додавајќи дека во моментов не сака да преговара со Иран.

Американскиот претседател, исто така, изјави дека контактите меѓу двете страни не се прекинати и дека иранските претставници сè уште се обидуваат да постигнат договор.

„Пораката беше едноставна – мора да склучите договор или нема да ви остане ништо“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти Иран нема друг избор освен да преговара.

Во интервју за Фокс њуз, Трамп рече дека американските сили ќе продолжат со нападите „сè додека не проценат дека е доста“, оценувајќи дека воените капацитети на Иран се сериозно ослабени.

„Единствениот начин да се преговара со нив е преку демонстрација на воена сила“, рече Трамп.

Тој изјави дека главните цели на американската операција се да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје, да се зачува слободата на навигација низ Ормутскиот теснец и дополнително да се ослабат воените капацитети на Иран.

Американскиот претседател тврди дека дури и ако нападите бидат веднаш запрени, на Иран ќе му бидат потребни децении за да ја обнови својата уништена воена инфраструктура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

САД ја одбија понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец: „Не го контролирате“

ВИДЕО: Трамп се закани дека ќе го „уништи“ Иран во говорот пред ОН, додека претставници на двете земји се сретнаа во Њујорк

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он