Зеленски го номинира Корецки за премиер на Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски поднесе предлог до Врховната рада за избор на Сергеј Корецки за премиер на Украина, објави вечерва претседателот на Врховната рада, Руслан Стефанчук.

Тој објави на Фејсбук дека Врховната рада го прифатила предлогот на Зеленски за избор на Сергеј Корецки за премиер на Украина, објави Укринформ.

Стефанчук рече дека украинскиот парламент ќе го разгледа предлогот во блиска иднина во согласност со утврдената постапка.

Според извори на Укринформ, гласањето за новиот премиер и министри се очекува да се одржи денес. Корецки е извршен директор на групацијата Нафтогаз.

Украинскиот парламент, Врховната рада, ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко во вторник.

Целата влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерот, а 258 пратеници гласаа за нејзиното усвојување, објави Укринформ.

Зеленски претходно најави реконструкција на владата како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промена на раководителите на безбедносните и судските институции. На 17 јули 2025 година, Врховната рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Би можело да ве интересира

Мерц: Се залагам за предлогот за придружно членство во ЕУ за Украина и Западен Балкан

Горан Наумовски

Русија изврши ракетен напад врз Киев, тврди дека цел биле воени фабрики

Вучиќ: Јас сум единствениот што не ја потпиша декларацијата на самитот Југоисточна Европа-Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Французите ја разбираат Украина, многу им благодариме

Песков: Невозможно е да се формулираат безбедносни гаранции за Украина без учество на Русија

Зеленски: На Киев итно му се потребни ракети „Патриот“