Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека тој е единствениот од учесниците на Самитот Југоисточна Европа – Украина кој не ја потпишал декларацијата што беше усвоена денес во Киев на петтиот самит.
„Јас сум единствениот што не ја потпиша таа декларација. Погледнете го текстот или дури сега ќе го добиете, текстот на таа декларација. Веројатно ќе ви биде доставена и ќе ви биде појасна, а јас повеќе не морам ништо да објаснувам“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали ја потпишал декларацијата што беше усвоена денес.
На прашањето за ставот на Србија во врска со санкциите против Русија, Вучиќ рече дека сите го знаат ставот на Србија.
„Сите го знаат нашиот став, јас ги знам сите нивни ставови“, рече Вучиќ.
