Во центарот на Прешево се случи филмски грабеж во менувачница од која крадци однесоа сеф во кој имало повеќе од 200.000 евра, потврдија за „Политика“ од полицијата во овој град.
Разбојништвото се случи околу 1:30 часот, според полицијата, а четворица маскирани разбојници со фантомки на главите ја скршија влезна врата и го земаа сефот со пари.
Според неофицијални информации кои ги пренесуваат локалните портали, разбојниците се обиделе да го отворат и вториот сеф, но не успеале, по што побегнале пред да пристигне полицијата.
По наредба на Вишото јавно обвинителство полицијата спроведе истрага. Сопственикот на менувачницата бил сослушан, а преземени се и снимки од безбедносните камери на кои, според полицијата, „се гледаат четири маскирани лица во црни униформи како го вадат сефот со пари и потоа заминуваат со автомобил“.
