Ирански весник објави „црна листа“: Трамп и Мелони се меѓу целите!

Од:

Италијанските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат кој стои зад весникот од Техеран што упати закани до премиерката Џорџа Мелони и ја прогласи неа, заедно со други западни лидери, за одговорна за атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, пренесува „Ла Република“.

Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи вети дека ќе се одмазди за смртта на својот татко Али, кој беше убиен во американско-израелски напад на почетокот на војната.

Весникот „Хамшари“, поврзан со градските власти на Техеран, потоа објави „црна листа на одговорни“ за убиството.

Покрај американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на листата се наоѓаат и европски лидери, вклучително и италијанската премиерка.

Италијанските служби истражуваат кој стои зад листата и дали таа „црна листа“ може да се смета за официјален став на режимот. Не е исклучена ниту можноста иранскиот амбасадор во Италија да биде повикан на разговор.

На листата се наоѓаат:

Бенџамин Нетанјаху, израелски премиер
Доналд Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави
Израел Кац, израелски министер за одбрана
Бред Купер, адмирал и командант на Централната команда на САД (CENTCOM)
Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД
Марко Рубио, државен секретар на САД
Мајк Хакаби, амбасадор на САД во Израел
Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелската армија
Џорџa Мелони, италијански премиер
Гидеон Сар, израелски министер за надворешни работи
Фридрих Мерц, германски канцелар
Емануел Макрон, претседател на Франција
Кир Стармер, британски премиер во заминување

Според „Ла Република“, „Хамшари“ е дневен весник близок до градската управа на Техеран, а неговата уредувачка политика ја одразува ориентацијата на градската власт предводена од градоначалникот Алиреза Закани, кој припаѓа на најконзервативното крило на иранската политика.

Локалните избори, првично закажани за март 2026 година, се одложени поради тековниот конфликт.

Весникот првенствено му се обраќа на најрадикалниот дел од гласачкото тело.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД повторно го нападна Иран

ВИДЕО: САД и Иран се инаетат за тоа дали е отворен или затворен Ормутскиот теснец

ВИДЕО: Американците удираат на Иран, Техеран ги напаѓа сојузинците на САД во Заливот

Катерина Ѓуровски

Американските стелт-ловци Ф-22 го напуштија Израел, на пат се кон САД

Предраг Петровиќ

САД и Иран продолжуваат да разговараат за технички прашања за решавање на конфликтот

Лавров: Решавањето на конфликтот меѓу САД и Иран мора да ги земе предвид интересите на другите страни