„Денешното соопштение на ДУИ е јасен доказ за паниката што ги зафати нивните редови. Откако со години го држеа Тетово во заложништво со празни ветувања и неуспеси, денес се обидуваат да политизираат процес кој конечно се решава. Граѓаните знаат дека проблемот со имињата на улиците и плоштадите не го создаде ВЛЕН, туку е наследство од неодговорноста на ДУИ“ соопштија од ВРЕДИ.
Велат „Наместо да ја прифатат вината за своите пропусти, тие избираат да поттикнуваат тензии и да шират дезинформации“.
„ВЛЕН останува посветен на решавање на прашањето за имињата на улиците во Тетово на законски и институционален начин и во интерес на граѓаните. Додека ДУИ се занимава со протести и пропаганда, ние се занимаваме со конкретни решенија и спроведување на проекти што му се потребни на Тетово. Времето за манипулации заврши. Тетово заслужува работа, одговорност и резултати, а не политичка паника. Тие се обидоа да протестираат и за правосудниот испит, но не само тоа, туку и 50 други испити ние ги регулираме. Тие протестираат за имиња, ние ги регулираме и овие. Да не протестираат и за внатрепартиски проблеми, бидејќи и тие ќе ги регулираме“ стои во партиското соопштение.
