Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Од:

Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, наведуваат од СДСМ.

– Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година.

Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа. Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот.

Уште поалармантно е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада. Наместо развој и нови работни места, имаме економска стагнација и бегство на капитал. Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква. Македонија под негово раководство стана трета економија на празни фрижидери – земја во која се фалат со бројки, а граѓаните се борат да преживеат.

Додека криминална група ВМРО се занимава со пропаганда и селективни статистички податоци, луѓето се соочуваат со се поскап живот, ниски плати и несигурна иднина. Ова не е успех. Ова е систематско влошување на економската и социјалната состојба кое се обидуваат да го прикријат со празни фрази. Граѓаните не јадат инфлација. Тие го јадат она што можат да си го дозволат. А во моментов, тоа е се помалку, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати