Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Од:

Лошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик. Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се постигне договор за негово носење во македонското Собрание, СДС, ДУИ и Левица избраа да блокираат и како раштиман оркестар да создадат какофонија во јавноста велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Откако во Левица увидоа дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на договорот за носењето на ИЗ, се обидуваат пред своето членство да се покажат како тврдокорни кои не прават компромис. СДС како добар препишувач, откако видоа дека Левица го блокира законот, смислија начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, со изговор дека гласањето на дијаспората по електронски пат бил недемократски и неевропски чин.

И ДУИ, да не останат покуси, се приклучува на блокирање на овој реформски закон, со свој изговор и барање сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот мнозински модел. Тоа што е заедничко за овие партии е тоа што сите се исплашени, а до некаде и убедени, дека на следните избори им следи дебакл и убедлив длабок пораз и сегашните нивни постапки, не се ништо друго, освен создавање алиби за изборниот дебакл.

Друго заедничко за истите овие партии е што и едните и други прстот го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ, како партијата да им е крива за тоа што граѓаните не гледаат опција во нив и не ги поддржуваат нивните политики. ВМРО-ДПМНЕ, повторно јасно и гласно кажува, неформалните опозициски коалициски партии нека седнат заедно и нека се договорат, тоа што тие ќе предложат, тоа ќе прифати, само начинот на остварување на правото на глас на дијаспората, да се олесни. А, опозицијата, со ваквото однесување, докажува дека за нив важен е само партискиот интерес, не и иселениците и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит