Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Од:

Повеќе од 30 лица се повредени откако автобус на јавниот превоз удрил во неколку возила, изгубил контрола и се забил во зграда во американската држава Мериленд, соопштија денес локалните власти.

Несреќата се случи вчера кратко пред 18 часот по локално време во Пајксвил, северозападно од Балтимор, објави ABC News.

Полицијата на округот Балтимор соопшти дека автобусот на Управата за јавен превоз на Мериленд прво удрил во неколку возила, а потоа изгубил контрола и се забил во зграда.

Возачот на автобусот е однесен во болница со повреди опасни по живот, додека уште 35 лица се хоспитализирани. Во несреќата учествуваа вкупно 12 возила. Полицијата соопшти дека околностите што доведоа до несреќата сè уште се истражуваат.

Гувернерот на Мериленд, Вес Мур, изјави дека ја следи ситуацијата и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот брз одговор, наведувајќи дека државните власти се во постојан контакт со локалните власти за да обезбедат секаква потребна помош.

Би можело да ве интересира

САД нудат до 10 милиони долари за информации за лидерите на ИРГК

САД ќе ги укинат визите за до 200.000 странци кои побарале азил

Авион на американските воздухопловни сили слета во Москва

САД ја започнаа операцијата „Економски егзил“

Иранската државна телевизија емитуваше закани кон Барон Трамп, спомената е награда од 10 милиони долари

Горан Наумовски

„Ќе го пресечеме секој економски појас“ – Вашингтон најави жестока офанзива против Техеран