Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна

Од:

Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации. Епидемиолозите веднаш излегле на терен и извршиле увид во објектот, кој е оператор за храна во правното лице во ТИРЗ –Штип.

– Извршен е едукативен разговор со одговорните лица и персоналот во однос на начинот на прием на храната, подготовка, чување и складирање на храната. Дадени се предлог мерки и препораки. Назначено е генерално механичко чистење, извршена е вонредна дезинфекција, дезинсекција, дератизација на објектот, направени се вонредни санитарни прегледи на вработените. Земени се мостри од инкриминираната храна за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини од кујната-соопштија од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во соопштението се наведува и дека одделението по епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Штип будно ќе ја следи состојбата во наредниот период и ќе ја информира јавноста и при евентуална појава на нови случаи ќе преземат дополнителни мерки согласно законската регулатива.

Би можело да ве интересира

Труење со храна во „Микросам“, четириесетина раобтници побарале лекарска помош

Трагедија во Италија – мајка и ќерка починаа по бадникова вечера, таткото е во тешка состојба

А1он

Водата во О.У. „Димо Хаџи Димов“ е исправна, се чекаат резултатите за храната

Горан Наумовски

Андоновска: Се прават дополнителни анализи кои не се поврзани со храната и водата од О.У. „Димо Хаџи Димов“

Уште три деца од „Димо Хаџи Димов“ примени на Клиниката за детски болести

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“