Некрофилијата е доминантен мотив на серискиот убиец од Кумановско

Од:

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот не се изјасни по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното. Во воведниот збор, Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата.

Обвинетиот беше спроведен од Затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот.

Во воведниот збор, обвинителството наведе дека во текот на постапката ќе изведе докази со кои ќе ги докаже сите елементи на кривичните дела што му се ставаат на товар на обвинетиот.

– -Од судско-психијатриското вештачење во корелација со обдукциските наоди на Институтот за судска медицина Скопје ќе се утврдат посебните мотиви кои постоеле и биле движечка сила обвинетиот да ги стори кривичните дела а воедно ќе бидат испитани и преживеаните жртви од кривичните дела убиство во обид, а од кои сите докази како една доказна целина, на несомнен начин ќе се утврди дека Трајче со намера да ги задоволи своите полови страсти кон мртви женски тела искористувајќи ги околностите кои од претходно му биле познати, дека покојните биле сами, немоќни, најчесто биле стари и заспани, влегувал во нивните куќи и физички ги напаѓал, ги удирал и ги давел, па откако ќе ги усмртел, со својот полов орган извршувал пенетрација во половиот орган на сега веќе покојните жртви. Во конкретниот случај, сметам дека правната квалификација е соодветна со оглед дека и покрај во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, сепак, некрофилијата е доминантен мотив во извршувањето на кривичните дела, рече обвинителот Лапе

Тој најави дека во текот на доказната постапка ќе бидат сослушани и преживеаните жртви од нападите.

– Доказната целина ќе утврди дека обвинетиот со намера да ги задоволи своите страсти спрема мртви тела искористувајќи ги околностите кои од претходно биле познати дека жртвите биле сами, немоќни, стари и заспани влегувал во куќите физички ги напаѓал, ги удирал, ги давел, и откако ќе ги усмртил со својот полов орган извршувал пенетрацијата на покојните жртви – наведе тој.

Јавниот обвинител посочи дека, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата.

Во продолжение на рочиштето, бранителот на обвинетиот го откажа полномошното, по што судот оцени дека на обвинетиот треба да му биде назначен бранител по службена должност. Одбраната побара и сослушување на двајца сведоци. Поради новонастанатите околности, судот донесе решение главната расправа да биде одложена.

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, Бојковски се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Со оглед дека, според обвинението, со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, при што мета на нападите биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.

Според обвинението, првото убиство било извршено ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Второто се случило во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.

Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.

На товар му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

Предметот го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од ОЈО Куманово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гледа во таванот и не оговара на прашања, дури ни за името – вака почна судењето на серискиот убец од Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски

Почнува судењето за серискиот убиец од Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за двајца мртвопроверители за случајот со сериските убиства во Старо Нагоричане

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари за четири убиства

Катерина Ѓуровски

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства и два обиди за убиство

Катерина Ѓуровски

Обвинителството собира докази за осомничениот за убиства во Малотино и Старо Нагоричане