(ВИДЕО) Бајка на Вимблдон, 114-тиот светски играч е во полуфинале

Од:

Најдобрата приказна на овогодишниот Вимблдон ја испиша домашниот натпреварувач Артур Фери, кој како 114-ти играч во светот стигна до полуфиналето.

Британецот го совлада Италијанецот Флавио Коболи во три сета – 6:4, 7:6 и 6:0, за два часа и 15 минути.

Колку голем успех е ова за Фери и за самиот британски тенис, најдобро сведочи фактот дека тој правото за настап во Лондон го доби дури по специјална покана од организаторите, а останатото, како што велат, е историја.

Во четвртфиналето тој го елиминираше финалистот на неодамнешниот Ролан Гарос, фаворизираниот Флавио Коболи, и тоа многу убедливо, во три сета. Патем, Британците неговата приказна ја нарекоа „Ferytale“ (игра на зборови со неговото презиме и зборот „бајка“), што е сосема логично, бидејќи овој 23-годишен тенисер моментално живее вистинска спортска бајка.

Неговиот претходен најдобар резултат на Грен слем турнирите беше второто коло на Австралија опен (2026) и второто коло на Вимблдон (2025).

Фери го доби првиот сет против Италијанецот со 6:4, во вториот беше подобар во тај-брејкот со 7:4 – што, како што се покажа, го скрши борбениот дух на противникот – а во последниот сет го декласираше Коболи со 6:0.

Подвигот што го направи е речиси на исто ниво со оној што Горан Иванишевиќ го постигна уште во 2001 година, кога стана шампион на Вимблдон како 125-ти тенисер во светот, настапувајќи со „вајлд-карта“.

Фери ќе игра во полуфиналето против шампионот од Ролан Гарос, Александар Зверев.

Германецот буквално во исто време го заврши својот меч против Тејлор Фриц, исто така славејќи многу лесно – 6:4, 6:4, 6:2.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Историски успех на македонската тенисерка Лина Ѓорческа – се пласираше на Вимблдон

А1он

(ВИДЕО) Принцезата Кејт пречекана со овации на Вимблдон

А1он

Ига Швјонтек како „брз воз“ до женското финале на Вимблдон

А1он

(ВИДЕО) Сабаленка елиминирана на Вимблдон – Анисимова е во големото финале

А1он

(ВИДЕО) Актерот Хју Грант задрема на натпреварот на Новак Ѓоковиќ

А1он