ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

Од:

Македонија забрзано инфраструктурно се гради и се развива. Нема дел од државата каде не се инвестира и не се гради некој капитален инфраструктурен проект. Со засилено темпо се реализира поставената цел и визија, Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион. Од следниот месец ќе почнат градежните активности за изградба на долгонајавуваната автопатска делница Скопје-Блаце, преку која Македонија ќе има пристап до пристаништата во Црна Гора и Албанија и ќе ја поврзе со соседно Косово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека за овој автопат само се даваа празни ветувања и се купуваа парцели вдолж предвидената траса од одредени лица со сомнителна позадина и лица поврзани со некои политички партии, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потпиша договори, обезбеди финансиски средства, избра консултант и изведувач, а надзорот е во процес на евалуација.

Интензивно се работи на целосно завршување на останатиот дел од автопатот Охрид-Кичево по кој веќе се вози на 37 километри од самата делницата, а на почеток од 2027 се очекува целосно да биде пуштен во употреба.

На оваа автопатска делница, за две години се решија голем број наследени проблеми, се потпиша Анекс на договорот со кој се засилува динамиката на изградба и се смени Правилникот за технички услови со што се смени рецептурата на асфалтот за да може да се продолжи со завршно асфалтирање и со т.н. галерии се најде решение и за косините. Од друга страна, со полна пареа се работи и на автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д. И таму се решаваат наследените нерешени проблеми, како што е експропријацијата и на терен се забележува голем напредок. Ваквото инвестирање во патната инфраструктура доведе до тоа, во Македонија да се случува голем градежен бум невиден до сега во поновата историја на државата, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите