СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

Од:

На Мицкоски и на ВМРО не им е ниту до реформи, ниту до подобрување на Изборниот законик, ниту до консензус. Целта е една – изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови од дијаспората. Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ. Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија, велат од СДСМ.

– Постојано само лаги и спинови. Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората, се обиде да протне нов за гласање по пошта – и повторно без никаква контрола и без да се гарантира волјата на граѓаните. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови. Реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес. СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница