Изложба на лумен принтови на Кети Талевска Бакревска

Од:

Изложбата „Фрагменти од НАС“ претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество — тело, мисла и дух — изразено преку специфичниот јазик на лумен принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина делува како ко-автор.

Во оваа серија, уметницата му дозволува на моментот да се случи природно, да се впие и да остави трага. Просторот на изложбата е концептуално поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, создадени исклучиво со лумен техника.

Кети Талевска Бакревска (Битола) е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси како лумен принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера обскура. Нејзините дела се инспирирани од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартија.

Зад себе има реализирано две самостојни изложби и учество во повеќе регионални и европски проекти. Често е дел од жири-комисии на фотографски изложби, а преку работилници активно го споделува своето знаење и искуство во областа на алтернативната фотографија.

Би можело да ве интересира

Изложба во македонскиот КИЦ во Загреб за 60 години постоење на Меѓународната смотра на фолклорот

А1он

Во Археолошкиот музеј отворена изложба посветена на делото и истражувачкиот пат на археологот Кирил Трајковски

А1он

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Во „Мала станица“ ќе биде отворена изложба на академскиот скулптор Ангел Коруновски под наслов „Лица“

А1он

Изложба на најдобрите модни креации на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“

Изложба „Љубовници во пандемија 2“ на Јана Манева-Чупоска во Прага