Приведен е 72-годишен радовишанец – уби куче на сред улица

Од:

Во Радовиш вчера полициски службеници го лишија од слобода Р.Л.(72).

Според пријавеното, завчера вечерта околу 22 часот на ул. „Благој Мучето“ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата е забележано усмртено куче.

По преземени мерки од страна на полициски службеници е утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го призна делото, а од него е одземена и ловната пушка „застава м75“ со која го изврши делото, а која ја поседува со дозвола.

Увид на местото е извршен од инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и екипа на ОВР Радовиш, при што е утврдено дека кучето е сопственост на Д.М. од Радовиш.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Р.Л. ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

Домашно куче претепано до смрт на брутален начин

(ВИДЕО) Поднесено обвинение за двајца насилници кои го убија кучето Феликс

Горан Наумовски

Уапсен инспектор од Државен пазарен инспекторат, земал мито за да не врши надзор

А1он

Пендаровски во Радовиш: Да продолжиме заедно, да го заокружиме бројот 3 за европска иднина за сите нас

Пожар пред влезот на Струмица, во прекин сообраќајот кон Радовиш

Сандра Бошковска