Повторно пожар во Визбегово

Од:

Црн чад повторно денеска се издигна над Скопје, откако беше пријавен нов пожар во реонот на Визбегово, само еден ден по големиот пожар што избувна во истата област.

Според првичните информации, гори сува трева во близина на „Џиди Комерц“ во скопската општина Шуто Оризари, а огнот се шири во правец кон околните куќи.

Неофицијално, на терен гори и ѓубре, што предизвика густ црн чад видлив од повеќе делови на главниот град.

За пожарот е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи се упатени на местото на настанот. Засега нема информации за повредени лица или зафатени станбени објекти.

Би можело да ве интересира

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Активни два пожара кај Трубарево и Опаје

Пожар на депонијата „Краста“

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума

Пожар на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски