Безживотното тело на новороденче е пронајдено во паркот Берже во париското предградие Бобињи, соопшти полицијата.
Сведоци виделе како некој остава крвава вреќа во паркот, по што ја повикале полицијата, која го пронашла телото на бебето во вреќата, дознава BFM TV од полициски извори.
Според судски извор, започната е истрага за убиство на малолетник и криење на тело.
