МВР објави детали: тројца повредени во сообраќајката во близина на скопскиот аеродром

Од:

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случила на автопатот „Пријателство“, во близина на исклучувањето кон Меѓународниот аеродром „Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила околу 5:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски таблички излетало од коловозот, удрило во метална заштитна ограда и се превртело.

Во несреќата се повредени возачот, 34-годишниот Н.Џ. од Србија, како и две сопатнички. Повредените со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата вршат екипи на СВР Скопје, под раководство на јавен обвинител.

Поради сообраќајката, утринава беше во прекин сообраќајот на делницата од исклучокот од Скопје кон аеродромот. Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираа дека возилата се пренасочуваат преку клучката кај рафинеријата „Окта“.

Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ потврдија дека сообраќајот е пренасочен и апелираат до возачите да го користат излезот што води кон стариот влез на аеродромот, односно кон старата аеродромска зграда.

Би можело да ве интересира

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Три млади момчиња загинаа во сообраќајка во Република Српска

А1он

Момче (19) загина во сообраќајка во Хрватска, двајцата сопатници се неповредени

А1он

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски