Аргентина до САД испрати список: 13.000 татковци што не плаќаат алиментација нема да можат на стадионите

Од:

Аргентинските власти до американските безбедносни служби доставиле список со околу 35.000 лица на кои треба да им биде забранет влез на стадионите за време на натпреварите на аргентинската репрезентација на Светското првенство.

Меѓу лицата на списокот се наоѓаат и околу 13.000 татковци кои не ги исполнуваат законските обврски за плаќање алиментација.

Аргентинската министерка за национална безбедност Алехандра Монтеолива соопшти дека базата со податоци е доставена до американското Министерство за внатрешна безбедност, ФБИ и други меѓународни безбедносни агенции во пресрет на натпреварите на аргентинската селекција.

„На оние кои не плаќаат алиментација повеќе нема да им биде дозволен влез на стадионите“, изјави Монтеолива.

„Доколку не ги исполнувате своите законски обврски, нема да можете да присуствувате на натпреварите“, додаде таа.

Аргентина во нокаут-фазата на Светското првенство ќе игра против селекцијата на Зеленортските Острови, а натпреварот е закажан за 4 јули.

Би можело да ве интересира

Од девојче кое живеело во дрвена куќа до жена што изгради империја: Што сè остави Доли Партон зад себе?

Предраг Петровиќ

Умре Шпанецот кој го одгледаa волци

По забраните за српски пејачи во Хрватска и БиХ, сега се бара забрана за Дино Мерлин во Србија

Предраг Петровиќ

Принцот Хари го загуби спорот против „Дејли мејл“ – треба да плати 9,5 милиони фунти

Предраг Петровиќ

Два распродадени концерти за Кание Вест во Санкт Петербург, Кремљ се дистанцира од шпекулациите за Путин

Предраг Петровиќ

Паредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот

А1он