Понижување по дебаклот на Мундијалот: На фудбалерите на Уругвај им го откажаа приватниот авион

Од:

Репрезентацијата на Уругвај доживеа големо разочарување на Светското првенство 2026, а по елиминацијата во групната фаза следуваше уште еден непријатен удар за фудбалерите.

Наместо со претходно планираниот приватен авион, репрезентативците ќе мора да се вратат дома со редовни комерцијални летови, откако Фудбалскиот сојуз на Уругвај ја променил првичната одлука.

Уругвај настапот на Мундијалот го заврши со само два освоени бода во групата со Шпанија, Зеленортските Острови и Саудиска Арабија. Репрезентацијата ремизираше против Саудиска Арабија (1:1) и Зеленортските Острови (2:2), а во последното коло загуби од Шпанија со 1:0, со што остана без пласман во осминафиналето.

За време на турнирот постојано се шпекулираше за нарушена атмосфера во националниот тим, вклучувајќи несогласувања меѓу дел од играчите и селекторот Марсело Биелса, како и тензии во соблекувалната.

Според уругвајскиот новинар Мартин Шаркеро, федерацијата одлучила да не го финансира приватниот лет поради разочарувачките резултати и неисполнетите очекувања, бидејќи Уругвај важеше за фаворит за пласман во нокаут-фазата.

На крајот, вистинско изненадување приреди селекцијата на Зеленортските Острови, која го освои второто место во групата и обезбеди место во елиминациската фаза, додека Уругвај и Саудиска Арабија го завршија настапот уште по првиот круг.

Би можело да ве интересира

Стеф Кари испиша историја во НБА: Нов договор и неверојатен рекорд

Партизан по 19 години ја прекина сушата

(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите