Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Од:

Пет лица се повредени во сообраќна несреќа во која учествувале три возила што се случила попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР. Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента.

-Денеска од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата правци на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, поради случена сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. Од 16:40 часот сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента со физичка регулација, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски