(ВИДЕО) Цариниците запленија златен накит вреден 1,5 милиони денари

Од:

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари.

Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа.

При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он