Почна уписот во средните училишта за учебната 2026/2027, најмногу слободни места за стручното образование

Од:

Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација.

Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според конкурсот на МОН, првото е од 00.00 часот на 12 јуни до 23.59 часот на 15 јуни, а второто пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.

Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.

Би можело да ве интересира

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование

МОН: Денес завршува пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта

Од 27.600 ученички места за упис во прва година средно образование, 7.900 се слободни за гимназии, а 18.000 во стручни училишта

ДУИ: Повлечете го Законот за средно образование, ако вие не го повлечете овој закон, ние ќе го сопреме

Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта

Горан Наумовски

Од денеска до вторник запишување во средните училишта за учебната 2024/2025 година